fbpx

Ѓорчев: Со упадите во општините се случува масовна политичка и партиска репресија

-

Факт е дека во Македонија во моментов, секојдневно се случува политичка репресија, се случуваат упади во општините и се случуваат масовни притисоци и врз кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и врз гласачите и врз цели групи на граѓани, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Тој додаде дека и денеска имало директен атак и директен упад врз општините Вевчани, Крива Паланка и Берово.

– Досега удрија врз општина Прилеп, општина Неготино, општина Штип, Кавадарци, Велес, Македонски Брод, Ново Село. Претепуваат актуелни и градоначалници што исто така се сега кандидирани. Вперуваат пиштол во луѓе што се исто така во моментот кандидирани. Првпат во независна Македонија имаме убиство на кандидат на избори. Вакви работи во Македонија никогаш немало. Никогаш немало недела дена пред избори упади во општини, репресија врз гласачи и репресија врз цели социјални групи. Никогаш немало ситуација каде што биле убивани кандидати или, пак, буквално на улица претепувани – изјави Ѓорчев.

Тој додаде дека во моментов се случува „масовно беззаконие“.

– Со упадите во општините се случува масовна политичка и партиска репресија која личи на 1948 година, но ова нема долго да трае – додаде Ѓорчев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...