fbpx

Ѓорчев: Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР е замижување за сите нерегуларности

-

Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР е необјективен и не ја одразува фактичката состојба на изборниот процес, вклучувајќи го и денот на гласањето, изјави денеска на прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР повеќе е замижување и перење на сите нерегуларности, отколку изнесување на виделина и прецизно посочување на одговорните за очигледните нарушувања. Во најмала рака е неодговорно и некредибилно во фуснота да се сокрие убиство на учесник во изборниот процес, дејство кое само по себе фрла огромна дамка на изборите – вели Ѓорчев.

Тој наведува дека настапите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ на митинзите не биле слични како што се наведува во извештајот, туку дека настапите на ВМРО-ДПМНЕ биле афирмативни, а на СДСМ исполнети со навреди, закани и со омаловажувања дури и кон граѓаните.

Ѓорчев нагласува дека имало поткуп на гласачи со тарифа од 50 до 100 евра, недостиг од гласачки ливчиња, пронајдени гласачки ливчиња од една во друга општина со заокружени имиња на кандидати, кои, според него, се потврда за организирано лажирање на изборниот процес од страна на власта на СДСМ.

– Заплашувањата со различни суптилни методи беа упатувани не само до неутрални гласачи, туку и до активисти, а дел и до претседатели на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ за нивно пасивизирање доколку сакаат да одбегнат непријатности од новата власт на СДС – додаде Ѓорчев.

Тој информираше дека ВМРО-ДПМНЕ до ДИК поднела 43 приговори за 94 избирачки места, кои се однесуваат на неспроведување на гласањето, односно на изборниот процес во согласност со изборниот законик, регистрирано семејно гласање, притисок врз гласачите и организирано носење на гласачките места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...