fbpx

Голема загаденост на воздухот во Скопје

-

Воздухот во Скопје и утрово беше многу загаден. Концентрациите на ПМ10-честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и прoсторно планирање се движеа од 129 микрограми на еден кубен метар во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат, до 230 микрограми на еден кубен метар во Лисиче.

Според мерењата во Скопје, значителна загаденост на воздухот во континуитет се регистрира од средата и концентрациите на ПМ10-честичките оттогаш ја надминуваат дозволената граница од 50 микрограми на еден метар кубен и достигнуваат вредности и од 200 микрограми до повече од 600 микрограми на еден кубен метар.

Најголемата загаденост е регистрирана во Лисиче синоќа во 22 часот, при што се измерени 642 микрограми на еден кубен метар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...