Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја освои титулата на АТП-турнирот во Доха, Катар, откако во денешното финале го совлада вториот носител, шпанецот Рафаел Надал, со убедливи 2 – 0 во сетови.
Српскиот тенисер двата сета ги доби убедливо, првиот со 6 – 1, а вториот со 6 – 2 во гемови.
Со триумфот во Доха, Ѓоковиќ се наметнува како еден од најсериозните кандидати за освојување на првиот турнир за големата награда годинава, Отвореното првенство на Австралија, кое ќе почне на 18 јануари.