fbpx

Ѓоковиќ со историска предност пред Федерер

-

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ влезе во историјата како единствен тенисер кој успеал да создаде предност поголема од 5.000 поени во однос на второрангираниот на АТП-листата, Рожер Федерер.

Ѓоковиќ вчера ја освои третата титула на третиот Мастер-турнир, совладувајќи го Бердих во финалето во Монте Карло. Ова за него беше четврта голема титула оваа сезона, по освоените на Отвореното првенство на Австралија и на турнирите во Индијан Велс и во Мајами.

Со турнирот во кнежевството тој освои 1.000 нови поени и сега има вкупно 13.485 поени на АТП. Со тоа тој има 5.460 поени повеќе од Федерер, кој има 8.385 поени.

Според официјалната веб-страница на професионалната тениска асоцијација, ова е најголема предност што ја имал еден тенисер во однос на кој било второпласиран играч во историјата на белиот спорт.

Најдобри 10 тенисери во овој момент:
1. Новак Ѓоковиќ – 13.845
2. Рожер Федерер – 8.385
3. Енди Мареј – 6.060
4. Рафаел Надал – 5.435
5. Кеи Нишикори – 5.280
6. Милош Раониќ – 5.070
7. Томаш Бердих – 4.960
8. Давид Ферер – 4.490
9. Марин Чилиќ – 3.495
10. Станислас Вавринка – 3.495

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...