fbpx

Годишната даночна пријава граѓаните ќе ја добијат електронски

-

Граѓаните електронски ќе ја добиваат годишната даночна пријава која, од оваа година, во нивно име ја пополнува УЈП. Воедно, од годинава граѓаните ќе можат електронски да го следат и предметот кој им го води Управата за имотно правни работи за откуп на дворно место.

„Минатата година Министерството за финансии заедно со Управата за јавни приходи започна со спроведување на реформата за Електронски персонален данок на доход (Е-ПДД). Целта е поедноставување на постапките за пресметување и плаќање персонален данок преку Е-ПДД системот. Со оваа реформа, граѓаните се ослободени од административните процедури и долгото чекање пред шалтерите. Сите пресметки се автоматизирани и се поднесуваат електронски“, вели министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Преку овој систем, УЈП ќе ја подготвува и доставува на увид на граѓаните Годишната даночна пријава, а тие пак ќе можат навремено да ја потврдат или да ја коригираат со краен рок до 31 мај 2019 година.

Паралелно, Министерството за финансии заедно со Управата за имотно правни работи во текот на минатата година работеше и на дигитализација на процесот на следење на предметите за откуп на дворното место.

„До крајот на март планирано е сите предмети за приватизација на градежно земјиште да бидат внесени во Системот по што ќе биде развиена дополнителна можност самите поднeсители на барања да пристапат во Системот, и со тоа во секој момент ќе имаат увид во статусот на нивното барање. Ова ќе им овозможи на граѓаните да си го следат својот предмет за откуп на дворното место од дома“, објаснува министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...