fbpx

Го викнале во полиција затоа што барал вода за нивите

-

Марјан Атанасовски, земјоделец од селото Кравари, член на управниот одбор на новото здужение на земјоделци „Спас“, денеска бил повикан на распит во СВР Битола бидејќи, наводно, му се заканувал на директорот на ЈП „Стрежево“, Марјан Ѓероски, за проблемите со наводнувањето од хидросистемот „Стрежево“.

Ова за „Мета“ го тврди Атанасовски, напоменувајќи дека притисоците од власта го достигнале дното.

Земјоделецот вчера добил покана да се јави во полиција, а денеска, кога отишол да види за што се работи, бил непријатно изненаден.

– Неколкупати се јавував во ЈП „Стрежево“ за да се информирам зошто нема вода по нивите и кога ќе има вода за наводнување. Наместо вода, ми пуштија покана да дојдам во полиција и ме гонат кривично за закани кон директорот и кон цело раководство на ЈП „Стрежево“- вели Атанасовски.

Според него, кога дошла полицијата, веднаш сакала да го приведе, но по разговор со него го оставиле сам да се јави на закажан тремин.

– Кога отидов таму, се изненадив зошто сум повикан. Сметам дека ова е политичка хајка кон мене поради тоа што сум преставник на новото здружение што ги застапува интересите на земјоделците од цела Македонија и не се согласува со политиките на оваа власт кон земјоделците – вели Атанасовски, истакнувајќи дека неговиот случај, според полицијата, ќе се процесуира до обвинителството.

– Мојот случај во многу нешта потсетува на случајот со фармерот Душко Илиевски, кој непотребно беше приведуван и притворен за наводно одгледување див коноп за потоа да биде ослободен и невин според судот – вели Атанасовски.

Земјоделци од Пелагонија и денеска тврдат дека има сериозни проблеми со наводнувањето на нивите поради нова хаварија на системот на ЈП „Стрежево“.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...