fbpx

Глигор Стојкоски ја доби првата награда на „Прличеви беседи“

-

Утре напладне во Охрид, на свечена академија, на македонскиот автор Глигор Стојковски ќе му биде врачено признанието за првонаградената поема за 2015 година „Кирил 1830 – Кирил 2001“.

Дводневните свечености во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ ќе почнат час порано во охридската библиотека, каде ќе се одржи настанот „Низ творештвото на роднокрајните автори“, со Коста Фортомар, Есад Бајрам, Славе Ѓорго Димоски и со Димитар Пандев.

„Прличеви беседи“ се традиционална манифестација, а годинава се совпаѓаат со 123. годишнина од смртта на Григор Ставрев Прличев, атинскиот ловороносец за поемата „Сердарот“ и еден од најистакнатите претставници на преродбата и на македонската книжевност од 19 век.

Свеченостите содржат и полагање Ловоров венец и свежо цвеќе на бистата на Григор Прличев пред охридската библиотека, за која пригода, своја беседа ќе прочита Јован Стрезоски, член на Друштвото на писатели на Македонија.

Свежо цвеќе ќе биде положено на гробот на Григор Прличев, кај црквата „Св.Богородица Перивлепта“.
Во Прличевата одаја ќе се оджи традиционалната Охридска визита, додека во Спомен-куќата на Прличев, професор Георги Сталев Поповски ќе одржи „Слово за Прличев“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...