fbpx

Гимназијата во Охрид се огради од летоците со кои учениците се повикуваа на протести

-

Откако информацијата за летоците со повик до учениците да учествуваат во протестите на иницијативата „За заедничка Макеоднија“, беше објавена во медиумите и предизвика реакции на политичките партии и особена осуда од јавноста, со соопштение се огласи и средното училишта „Св. Климент Охридски“.

Во него се наведува дека училиштето е исклучително професионална институција, која е целосно посветена на заштита на учениците од какви било злоупотреби, а особено од партиски, и се залага за вредности за заедничкото живеење, почитување на разликите во културата и на традицијата.

– Гимназијата ги штити учениците од секаков облик на манипулација и нивна злоупотреба од секој облик, а особено во партиски цели. Оттука, општинското средно училиште го осудува обидот на изолирана група, во соработка со надворешни лица кои се креатори на таканареченото соопштение. Напоменуваме дека во општинското средно училиште вчера немаше никаков прекин на наставата или каков било друг облик на пречки во наставно-воспитниот процес – се наведува во соопштението, потпишано од директорт на охридската гимназија, Звонко Трпески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...