fbpx

Гиевска: Изнесените клевети и навреди, Шилегов ќе добие можност да ги докаже на суд

-

Слободанка Гиевска, ќерка на уставната судијка Елена Гошева, денеска испрати демант на прес-конференцијата што портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ја одржа во петокот.

Шилегов на прес-конференцијата рече дека Гошеви не само што се директно поврзани и наградувани од ВМРО-ДПМНЕ со високи позиции во државата, туку ова семејство преку Слободанка Гошева учествувало и во слични изборни измами при гласањето за време на избор на студентски лидер во 2002 година, обидувајќи се да ги демолира гласачките кутии и да врши притисок врз студентите при гласањето.

„Во врска со овие обвинувања, сакам да ја известам јавноста дека во текот на мојата професионална кариера сите позиции сум ги извршувала максимално одговорно и професионално, согласно Уставот и законите и на ниту една позиција не сум била назначена како партиски кадар, туку како професионалец во својата област. Во исто време, одговорно тврдам дека никогаш ниту сум учествувала во некакви изборни измами, ниту некому сум вршела притисоци на студентски или какви било други избори, а уште помалку сум работела на уривање на уставниот поредок и на правната држава. Ваквите паушални обвинувања и неаргументирани констатации очигледно дека немаат никаква друга цел освен да го нарушат мојот углед и да го дискредитираат моето семејство, за цели кои се строго партиски или приватни за СДСМ или Петре Шилегов. Истовремено би сакала да го известам портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, дека изнесените клевети и навреди ќе добие можност да ги докаже на суд“, пишува во демантот на Гиевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...