fbpx

„Ги умреа“ амбасадорите во Македонија на интернет

-

Посмртни фотографии на дел од сегашните и од поранешните амбасадори во Македонија, се појавија на веб-страницата „Имгур“.

Не е познато кој ги прикачил овие слики во стил на некролози на веб-страницата, но тие се појавуваат два дена откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, одржа говор пред Државната изборна комисија, во кој истакна дека некои амбасадори почнале премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата.

– Амбасадорите кои се мешаат, мора да престанат да го прават тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на состаноци и на преговори во кои учествуваат амбасадори или други странски претставници, на кои се носат одлуки за кои одлучуваат претставниците избрани од народот – рече Груевски.

Посмртни фотографии добија амбасадорот на САД, Џес Бејли, ЕУ-амбасадорот Самуел Жбогар, сегашниот и поранешната француска амбасадорка, Кристијан Тимоние и Лоренс Оер, холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, италијанскиот амбасадор Масимо Белели, британскиот амбасадор Чарлс Гарет, германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, како и поранешниот посредник на ЕУ во Договорот од Пржино, белгискиот експерт Питер Ванхауте и поранешниот европарламентарец Ричард Ховит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...