fbpx

Гевгелиската болница ги отпушти двајцата анестезиолози

-

Гевгелиската болница донесе решение да ги отпушти двајцата анестезиолози, кои беа дел од тимот што со царски рез ја породуваше родилката која во петокот почина заедно со своето бебе. Анализата на примероците на крв покажа 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на анестезиолозите.

„Во врска со немилите случувања кои завршија со смртен исход на родилката и на новороденото, ве известуваме дека управата на ЈЗУ Општа болница Гевгелија врз основа на законот за здравствена заштитита, а по добиените наоди дека има недозволено количество на алкохол во крвта, в.д. директорот на болницата донесе решение за изрекување дисциплинска мерка престанок на вработување на здравствените работници д-р Томчо Ванчев и д-р Зоран Јовановски, специјалисти по анестезиологија и реанимација“, се вели во соопштението од болницата.

Гевгелиската болница е без анестезиолози, а оперативните зафати се препраќаат во штипската и во велешката болница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...