fbpx

Германците се најзадоволна нација во Европа, но и студени кон странските стручњаци

-

Германците се најзадоволнaта нација во Европската Унија – процентот на германски граѓани кои се задоволни од насоката во која се движи земјата е повисока од другите нации, покажува анкетата на фондацијата „Бертелсман“. Истовремено, друго истражување покажа дека голем дел од странските стручњаци што работат во Германија ги сметаат Германците за студени и нељубезни.

Според резултатите на анкетата на „Бертелсман“, 59 отсто од Германците веруваат дека нивната земја се движи во вистинската насока. Околу 77 отсто од испитаниците истакнуваат дека нивната лична економска ситуација е подобрена или останала иста во последните две години, а 80 отсто се опишале како гласачи на политичкиот центар.

Најмалку задоволни во ЕУ од напредокот на нивната земја се Италијанците, односно 13 отсто од испитаниците ја оценуваат како добра насоката во која се движи нивната земја. Во Франција задоволни се 36 отсто од испитаниците, a во Велика Британија 31 отсто, додека во цела ЕУ, задоволни се 36 проценти.

Меѓу големите европски земји, Франција е политички најполаризирана – 51 отсто анкетирани се приврзаници на  политичкиот центар, 24 проценти се левичари или екстремни левичари, додека 25 проценти се опишуваат како десничари или екстремни десничари.

Што се однесува до Германците, високообразованите стручњаци од странство сметаат дека се нељубезни и студени. Според студијата „Експат инсајдер 2017“ на фирмата „Интернејшнс“ од Минхен, која е најобемната анкета за животот и работата во странство, две третини од стручњаците ја фалат, пред сè, натпросечната безбедност на работните места во Германија, пренесува „Дојче веле“.

Покрај тоа, повеќе од половина од нив велат дека во Германија се подобро платени отколку во нивните татковини. Но, омиленоста на Германија како земја за работа опаѓа, третпат по ред, и сега таа се наоѓа на 23. место, а во истражувањето се застапени 65 земји.

Додека пазарот на труд важи за исклучително атрактивен, истовремено германското општество, во споредба со другите земји, се гледа како не многу гостољубиво, се утврдува од одговорите на 800 стручњаци кои работат во Германија, и кои во најголем дел доаѓаат од САД и од Велика Британија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нов апарат за магнетна резонанца во болницата „Св. Еразмо“

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, доби нов апарат за магнетна резонанца вреден 1,2 милиони евра, а е набавен со поддршка од Европската Унија, изјави...