fbpx

Германските контролори бараат далечинско управување со авионите

-

Германската контрола за летање ја повика авионската индустрија да ја разгледа можноста за развој на технологии што би овозможиле во вонредни ситуации, далечински, од земја, да се преземе управувањето со патнички авион за безбедно да се приземји.

Апелот на експертите за безбедност во авиосообраќајот доаѓа по авионската несреќа во која пилотот на германската авиокомпанија „Џерманвингс“, Андреас Лубиц, намерно го урна авионот на француските Алпи, убивајќи со себе уште 149 лица.

– Мораме да мислиме дека денешната технологија ќе биде надмината – рече Клаус Дитер Ширле, директор на германската компанија задолжена за безбедност во авиосообраќајот.

Таквиот систем, според Ширле, во вонредни ситуации би можел да преземе команда во авионот и да го насочи авионот на безбедно, кон копно.
– Сепак, не би рекол дека тоа е наједноставното решение – наведе тој и додаде дека таква технологија веројатно ќе биде развиена следната деценија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...