fbpx

Германскиот министер за надворешни работи: Скопје и Атина напишаа историја

-

Германскиот министер за надворешни работи, Хејко Мас им честиташе на владите на Македонија и Грција за постигнувањето договор за решавање на спорот за името и рече дека решителноста и визијата на двајцата премиери и на двајцата министри за надворешни работи донеле успех.

– Скопје и Атина денеска напишаа историја. 25 години спорот за името на Поранешната југословенска Република Македонија стоеше меѓу Македонците и Грците. Одлична вест е дека двете страни сега најдоа решение и се согласија за името Република Северна Македонија.

Тоа исто така покажува што може да се постигне ако меѓународно се однесуваме со трпение, разум и почит едни кон други. Вредеше што никогаш не се откажавме од надежта, што бевме во постојана блиска размена и што двете страни и во тешки фази секогаш одново наоѓаа компромиси. Преговорите беа долги и макотрпни. Но, на крајот решителноста и визијата на двајцата премиери и нивните министри за надворешни работи доведоа до успех. На двете Влади им честитам од срце за овој историски договор – порача Мас.

Германскиот министер за надворешни работи ги повика сите политички чинители во двете земји да придонесат за спроведувањето на договореното, кое ја отстранува клучната пречка за приближувањето на земјава кон ЕУ и НАТО.

– Ги повикувам сите политички сили во Скопје и во Атина да придонесат за спроведување на овој историски договор. Бидејќи тој ги јакне добрососедските односи меѓу двете земји и придонесува за стабилноста на Западен Балкан. Освен тоа, сега е отстранета клучна пречка за приближувањето на Скопје на ЕУ и на НАТО – вели Мас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...