fbpx

Германската Влада со двајца експерти ќе го поддржи професионалното образование

-

Тим од Министерството за финансии предводен од министерот Драган Тевдовски одржаа состанок со делегација на „Источниот комитет на Источно – европската асоцијација на германската економија“ предводена од генералниот директор, Мајкл Хармс.

Со цел засилување на присуството на германските компании во Македонија, на состанокот се зборувало и за нивните потреби како инвеститори.

„Еден од предусловите за влез на пазарот на германските компании е постоењето на квалификуван кадар. Токму со цел да се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, во Македонија почна да се спроведува дуалното образование. Германската Влада со двајца експерти ќе го поддржи развојот на професионалното образование во земјава. Дополнително, во буџетот за 2019 година се предвидени највисоки средства за активните мерки за вработување. Преку оваа програма на краток рок ќе се реши проблемот со поврзувањето на понудата и побарувачката за кадар на пазарот на трудот. Во буџетот за следната година, поддршката за приватниот сектор бележи раст од 37 проценти“, се вели во соопштението на Министерство за финансии.

На средбата биле дискутирани клучните процеси во државата важни за инвеститорите евроатланските интеграции на земјата, даночната реформа, воведувањето на европски стандарди во работењето и фискалната транспарентност.

Германија е најзначаен трговски партнер на Македонија. Првите девет месеци, извозот во Германија изнесува 1.951,6 милиони евра, што претставува пораст од 13,5 проценти во однос на истиот период лани. За истиот период, увозот од Германија изнесува 643,6 милиони евра, што претставува пораст од 11,6 проценти во однос на истиот период лани. Размената со Германија во првите девет месеци од 2018 година изнесува 26,6 проценти и се карактеризира со трговски суфицит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...