fbpx

Германската компанија „Кеслер“ ќе произведува електромотори во ТИРЗ-Скопје 1

-

Германската компанија „Кеслер“ ќе произведува електромотори во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ)-Скопје1. Компанијата најави дека планира да започне со работа кон крајот на 2018 година, а производството ќе биде наменето за германскиот пазар. Се планираат најмалку 80 работни места во наредните три години, ќе бидат вработени машински и електро-инжинери, како и друг високо-квалификуван кадар.

Согласно договорот, компанијата ќе добие на користење градежно земјиште со површина од 1,3 хектари, а според најавите од компанијата предвидена е изградба на објекти во две фази, во кој ќе се врши производство на електромотори.

Во рамки на инвестицијата, предвидено е и воспоставување на центар за заеднички и инжинерски услуги и развој на нови производи на компанијата „Кеслер“ во Македонија.

Од „Кеслер“ информираат дека веќе имаат стапено во контакт со високо-образовни институции и планираат соработка со техничките средни училишта. Компанијата планира соработка и со домашни добавувачи за набавка на суровините потребни за нејзиното производство.

Како производител на алатки и системи за машинска обработка и брусење, електромотори, делови за машини, индустриска електроника, компанијата „Кеслер“ има над 90-годишна традиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....