fbpx

Германија размислува за делумна забрана на бурките

-

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер денеска повика да се забрани носење бурка во образовни институции и во администрацијата.

– Сите сме согласни да ги отфрлиме бурките, сите сме согласни во тоа дека се стремиме со закон да го воведеме принципот – лицето да се покажува таму каде што тоа е неопходно за нашето општество – зад воланот, во канцелариите, училиштата, универзитетите, во јавниот сектор, пред суд, нагласи министерот за телевизијата ЗДФ.

Делумната забрана на бурките доаѓа по серијата терористички напади во Германија.

Претходно австриската владејачка партија исто така повика на забранување на бурката во Австрија, објаснувајќи дека со целосното покривање на телото се попречува интегрирањето на жените во австриското општество.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...