fbpx

Германија: Откриени осум лица осомничени за нацистички воени злосторства

-

Во Германија најмалку осум лица кои се осомничени за нацистички воени злосторства и кои се на возраст од околу 200 години, соопштија германските власти.

Како што соопшти шефот на Централното биро на провинциските судски власти за изјаснување на злосторствата на национализмот, Јенс Ромел четворица од осомничените се мажи, а четири се жени, а сите работеле во концентрациониот логор Штутхоф, во близина на полскиот град Гдањск, кој своевремено се викал Данцинг.

Според податоците на Ромел, мажите работеле како чувари во логорот, додека жените биле дактилографки или телефонистки.

Осомничените, кои се се родени во периодот од 1918 до 1927 година, може да бидат обвинети за соучество во убиство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...