fbpx

Германија најави воведување мерки против Турција

-

Германското министерство за надворешни работи ќе издаде безбедносно предупредување до граѓаните на Германија кои планираат да патуваат во Турција. Ова е една од мерките против Анкара што денеска ги најави шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, по апсењето на активисти за човекови права во Истанбул, од кои еден е германски државјанин.

„Имајќи ги предвид зачестените случаи на произволни апсења на германски државјани во Турција, ние не можеме поинаку да реагираме, туку да издадеме предупредување на германските граѓани кои планираат да патуваат во Турција“, рече Габриел, пренесува ХРТ.

Покрај предупредувањето, тој најави дека Германија во иднина нема повеќе да дава гаранции за странските инвестиции во Турција и дека заедно со европските партнери ќе ја преиспита претпристапната помош на Европската Унија за земјата.

На изјавите на Габриел веднаш реагираше официјална Анкара. Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ги оцени како неумесни изјавите на шефот на германската дипломатија, додавајќи дека се наменети за внатрешно-политичка употреба, алудирајќи на парламентарните избори во Германија, закажани за септември оваа година.

„Остро ги осудуваме изјавите во кои се тврди дека (германските) државјани кои патуваат во Турција не се безбедни. Тоа воопшто не е вистина“, изјави Калин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...