fbpx

Германија ќе казнува за говор на омраза и за лажни вести по 50 милиони евра

-

Германскиот парламент денеска усвои закон кој предвидува казни во износ до 50 милиони евра за говор на омраза и за лажни вести на социјалните мрежи.

Казната ќе им биде изречена на сите веб-страници доколку не ја отстранат содржината во која постои говор на омраза или пренесува лажна вест.

Германскиот министер за правда, Хајко Мас, изјави дека социјалните мрежи не успеале да ги спречат своите веб-страници да пренесуваат „запалив“ начин на гледање на работите и да изнесуваат лажни информации.

Експертите за заштита на човековите права и интернет-компаниите наведуваат дека усвојувањето на законот може негативно да влијае на слободата на говорот во Германија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...