fbpx

Германија и Египет постигнаа договор за намалување на приливот на мигранти

-

Германија и Египет постигнаа договор за намалување на приливот на мигранти од таа северноафриканска земја.

Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт изјави дека Египет според новиот договор ќе добие дополнителни средства за програми кои имаат за цел на луѓето да им помогнат да пронајдат подобро вработување, како и за школување на Египќани во Германија.

Германија исто така на Египет ќе му помогне да ги подобри условите во центрите за сириските бегалци и другите раселени во земјата.

Двете земји се договорија дека ќе се борат против криумчарење на мигрантите.

Овој договор е дел од широките напори на Германија да соработува со земјите во борбата против причините за неконтролираната миграција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...