fbpx

Германија доби продавница за храна што инаку би се фрлила

-

Во градот Келн во саботата е отворен првиот супермаркет во Германија во кој се продава храна што инаку би завршила во ѓубре, како уште еден чекор кон создавање општество со минимално фрлање ѓубре, јавува „Дојче веле“.

Ова, инаку, е трета таква продавница во Европската Унија. Продавницата „Добра храна“ продава речиси сè – од зеленчуци до пиво, кои ако не се продаваат таму, би биле фрлени или уништени од страна на трговците.

На полиците нема цени – купувачите плаќаат толку колку што мислат дека вреди производот. Продавачите се обврзани да ги известат купувачите кога истекува рокот за употреба, а продавницата е подготовена дури и да преземе законска одговорност ако некој се затруе.

Организацијата за храна и земјоделство  (ФАО) на Обединетите нации проценува дека околу една третина од произведената храна не се консумира или се фрла, а цената за тоа е 850 милијарди евра на глобално ниво годишно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...