fbpx

Герила-акција на „Шарена револуција“: Уште седум дена до исполнување на нашите барања

-

„Шарената револуција“ организираше герила-акција во Градски парк на „Скопје стрит фестивал“. Држејќи големи седумки, тие на власта ѝ порачаа дека има уште седум дена да ги исполни нивните две клучни барања, да запре прогонот на демонстрантите и Уставниот суд да се изјасни за уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство.

„Последниве денови слушнавме еден куп ветувања од страна на Груевски, кој одново бил реформски расположен. Од неговите ветувања овие 10 години единствено видовме задолжена држава, егзодус на граѓани и институции заробени од партијата. Граѓаните знаат дека Груевски не може да спроведува реформи! Им порачуваме на власта и на надлежните институции дека остануваат уште 7 дена до 18 јуни, рокот за целосно стопирање на прогонот врз демонстрантите и за потврда на уставноста на СЈО“ велат од „Шарената револуција“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...