Ѓерѓ Дедај именуван за нов амбасадор на Косово во Македонија


       
Приштина, 7 август, 2018 - 11:16 (META) 

Косовскиот претседател Хашим Тачи го именувал актуелниот заменик министер за надворешни работи Ѓерѓ Дедај за нов амбасадор на Косово во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста на својата фејсбук-страница синоќа ја објави самиот Дедај.

Пратениците од Групта 6+ во косовското Собрание минатата недела побараа од премиерот Рамуш Харадинај разрешување на Дедај од функцијата заменик министер, поради неговите навредливи изјави во однос на Република Турција.

„Дедај, со неговите понижувачки изјави, со кои предизвикува раздор, ја навреди турската заедница во Косово“, се вели во писмото на пратениците од помалите етнички заедници кои се дел од владејачката коалиција.