fbpx

Герберих: Клучни се реформите и дијалогот власт – опозиција

-

Потребни се реформски зафати што ќе ги опфатат сите во општеството и вистински дијалог меѓу власта и опозицијата, рече германскиот амбасадор Томас Герберих говорејќи за евроатлантските интеграции на Македонија на конференцијата „Македонија: Евроатлантска интеграција, нови предизвици и можности“ што се одржа во Министерството за надворешни работи.

Според германскиот амбасадор,  Владата во изминатата година постигнала голем напредок, поради што стаса и препораката од Европската Комисија за почеток на преговорите, но реформите мора да продолжат со вклученост на сите фактори.

– Реформите мора да се спроведат со вклученост на сите во општеството и да се врати доверба во институциите, кои треба да работат во рамки на нивниот мандат почитувајќи го правото и применувајќи ги највисоките професионални стандарди, оти само тогаш ќе можеме со сигурност да кажеме дека реформскиот процес пристигнал во оваа земја. Опозицијата мора да биде вклучена како клучен дел во функционирањето на демократијата. Конструктивниот политички дијалог меѓу Владата и опозицијата надминувајќи ги сите политички разлики е клучно за соодветно функционирање на една парламентарна демократија – рече Герберих.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...