fbpx

Генералот Стојанче Ангелов добитник на орденот „Свети Никола“ на градот Штип 

-

Општината Штип вечерва на свеченост ќе му го додели одрденот „Свети Никола“ на генералот Стојанче Ангелов, кој потекнува од Штип. Во образложението од Општината стои дека Ангелов е „патриот и херој кој што во текот на многу турбулентни случување со свој личен пример покажа како се сака Република Македонија“.

Бизнисменот Штерјо Наков пак, е еден од тројцата добитници на признанието „Свети Никола“. Наков, кој е по потекло од штипско, признанието го добива како почесен конзул на Романија во Македонија со седиште во Штип, стопанственик поддржувач и афирматор на Штип.

Меѓу добитниците се и Бранко Азески, почесен конзул на Црна Гора со седиште во Штип и штипската компанија „Пеком инженеринг“, како општествено одговорна компанија.

Стојанче Ангелов беше предложен, но одбиен од Комисијата за култура за добитник на највисокото општинско признание – награда „8 Ноември“.

Празникот Свети Никола, што се одбележува како патрон на градот, утре ќе се одбележи со свечена богослужба, на која ќе чиноналствува поглаварот на МПЦ, г.г.Стефан, кој ќе има и празнично обраќање. Орденот и и признанијата ќе бидат доделени вечерва, по промоцијата на книгата Житијата и чудата на Свети Јоаким Битолски – Шангајски чудотворец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...