fbpx

Генералното собрание на ОН гласаше против одлуката на САД за Ерусалим

-

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ја усвои резолуцијата со која се бара од САД да ја повлечат одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Резолуцијата ја поддржаа 128 членки на ОН, меѓу кои и Македонија, девет гласаа „против“, 35 беа „воздржани, а 21 членка воопшто не гласаа.

Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас по гласањето соопшти дека „ова е победа за Палестина“.

– Ќе продолжиме со напорите во ОН и на сите меѓународни форуми за ставање крај на оваа окупација и создавање на наша палестинска држава со престолнина Источен Ерусалим – изјави портпаролот Набил Абу Рудејна, пренесуваат светските агенции.

Израел ја отфрли одлуката на ОН и му се заблагодари на претседателот на САД Доналд Трамп за „недвосмислената позиција во корист на Ерусалим“.

„Израел ја отфрла одлуката на ОН и истовремено е задоволен од фактот што многу земји не гласаа за поддршка на оваа одлука. Израел се заблагодарува на американскиот претседател Доналд Трамп за недвосмислената позиција во корист на Ерусалим и на земјите кои гласаа заедно со Израел и со вистината“, се наведува во реакцијата од канцеларијата на
израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Пред гласањето американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на земјите-членки на ОН кои ќе гласаат за резолуцијата дека ќе им ја укине финансиската помош. Амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли испрати писмо во кое наведе дека Трамп побарал од неа да ги забележи имињата на земјите кои ќе гласаат за резолуцијата.

„Денешното гласање ќе влијае на начинот на кој Американците гледаат на ОН и на земјите кои не ги почитуваат САД и ОН“, порача Хејли.

Инаку, во нацрт-резолуцијата се реафирмираат десетте претходни резолуции на Светот за безбдност на ОН за Ерусалим, кои датираат уште од 1967 година, вклучувајќи го и барањето дека одлуката за конечниот статус на градот мора да биде донесена во директни преговори помеѓу Израел и Палестина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...