fbpx

Генералниот секретар на ДИК ќе се избира на јавен оглас

-

Утре во два печатени медиума треба да биде објавен јавен повик за избор на генерален секретар на Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК соопшти дека на вчерашната седница го усвоила правилникот за утврдување на начинот и на постапката за избор на генерален секретар на ова највисоко изборно тело.

Претседател на ДИК е Александар Чичаковски, кој е магистер по правни науки, а работел како правен консултант во невладината „Мост“, како и судски соработник во Основниот суд Скопје 2.

Потретседателот Реџеп Прекопуца во својата биографија има наведено дека работел во Собранието како стручен соработник и во општинската изборна комисија во Арачиново.

Третиот член од редот на експертите е политикологот Атанас Урумов. Покрај тројцата експерти, во ДИК има и шест партиски членови, Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедредин Ибрахими од ДПА.

Со новите законски измени, ДИК ќе има зголемени ингеренции, а ќе биде надлежна и за единствено водење и за ажурирање на Избирачкиот список.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...