fbpx

„Газпром“ ја стопира испораката на гас за Украина

-

Рускиот гингант „Газпром“ денеска потврди дека ја стопира испораката на гас за Украина, по неуспехот на разговорите за цената, јавуваат светските медиуми.

Ова доаѓа еден ден по објавата на украинската државна енергетска фирма „Нафтогаз“ дека го суспендира купувањето гас од Русија откако разговорите со посредство на Европската унија за продолжување на испораката за наредните три до шест месеци, завршија без договор.

Од „Газпром“ изјавиле дека го стопираат снабдувањето со гас бидејќи Украина не „платила однапред“ за испораката за јули.

Генералниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер, изјавил дека испораката е запрена денеска, во 10 часот, по локално време.

„Газпром нема да испорачува гас за Украина по ниедна цена, без тој да биде платен однапред“, изјавил Милер за руските медиуми, пренесува „Би-Би-Си“.

Од „Нафтогаз“, пак, изјавиле дека ќе продолжат со транспортот на руски гас за другите европски земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...