fbpx

Гаврил Светогорец епископот Велички во Штип беше прогласен за светец

-

Скромниот ерудит, во земскиот живот професор по историја на уметноста, а во световниот, духовник што правеше чуда, Гаврил Светогорец епископот Велички, денеска во Штип беше прогласен за светец.

На литургијата во храмот „Свети Никола“, со која чиноначелствуваше поглаварот на МПЦ – ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, беа изложени моштите на епископот Велички, кој се упокои на 12 јануари 1990 година.

Моштите беа пренесени од манастирот во Лесново, што го носи неговото име, каде во една од пештерите и се упокои. Ковчегот ќе биде повторно вратен во Лесново, но во застаклен дел ќе биде поставен во манастирот.

-Уште едно кандило македонско се запали пред престолот на Господ Бог – рече владиката Агатангел на литургијата, што во чест на Гаврил Лесновски се одржа во црквата „Свети Никола“ во Штип.

Ова е четврто прогласување светци во поново време на МПЦ – ОА, а второ оваа година.

На канонизацијата присуствуваше и техничкиот премиер за спроведување на изборите, Емил Димитриев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...