fbpx

Гасоводот на Водно и натаму се гради надвор од прописите

-

Досега не е пристигнато барање од Јавното претпријатие „Македонски eнергетски ресурси“ (МЕР) до Министерството за транспорт и врски за измена во тек на градба за делот од гасоводот преку парк-шумата Водно, изјави за „Мета“ Кире Коцевски, портпаролот на ова министерство во одговор на прашањето дали МЕР, како инвеститор, има добиено дозвола за работа на изменетата траса на гасоводот, на делницата ЛОТ5.

Спред тоа, во моментов багерите кои деновиве работат во густо пошумениот дел на Водно, поблиску до Милениумскиот крст,  извршуваат градежни активности без правосилно решение за измени на дел од трасата.

Новопроектираната траса, која во преговорите со активистите на „Го сакам Водно“, ја ветија МЕР и Градот Скопје, со цел намалување на штетите што ќе ги претрпи шумата на Водно од градењето на гасоводот, се уште ги нема потребните одобренија за да стане легална.

„Се работи на диво, без дозвола, без надзор, без обележаност, целосно нестручно, за што како резултат имаме и неколку бутнати борови кои не се ниту блиску до трасата“, реагираат од „Го сакам Водно“ на нивната фејсбук – страница.

Тие прашуваат каде е „строгиот надзор“ кој беше ветен од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и од МЕР како предуслов изградбата на гасоводот да продолжи.

Тие прашуваат и каде се инспекциите да излезат на терен за да утврдат дали гасоводот на Водно се гради според важечките законски прописи или тие отворено се забошотуваат.

„До кога граѓаните треба да бидат единствен коректор на самоволието?“, прашуваат екологистите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...