fbpx

Гарет: За спорот со името потребни се тешки одлуки и вистинска политичка храброст

-

Македонија има многу висок рид кој треба да го искачи за да добие датум за преговори до средината на следната година, претстои тешка задача но правилно е да се биде оптимист, вели амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“.

Тој вели дека јасно е дека Владата е решена да оди напред и да се справи со заробената држава, но дека се работи за долг пат и дека е потребен напор на долг период.

-Потребна е реална програма на вклучување на граѓаните за тие да ги одобрат реформите. Исто така и граѓанското општество да се вклучи од страна. Тоа е маратон, не спринт – смета британскиот амбасадор.

Гарент потенцира дека во секоја демократија опозицијата игра клучна улога и дека е важно сите партии во Парламентот да и овозможат на опозицијата да дојде и да ја одигра својата улога.

-Прашањата за притворите треба да ги одговорат официјалните лица од судството и обвинителството. Прашањата за повлекувањето на имунитетот за притвор на пратениците е секако работа на самиот Парламент. Не е на мене како странски дипломат да зборувам за тоа, но треба да се фокусираме на фактот дека настаните од 27 април беа екстремно насилни настани и од она што слушам и јас и другите и што видовме од снимките од таа вечер по се изгледа дека барем дел од тоа беше организирано. Сега ова е многу сериозно прашање и потребна е многу сериозна истрага проследена со процесот на владеење на правото. Јас мислам дека секој во Македонија во голема мера го разбира и се согласува со тоа и не ми е јасно на мене како бојкотот на Парламентот може да помогне во постигнувањето на таа цел – вели Гарент.

Да се реши спорот со името до јуни 2018 година, Гарет смета дека е разумна цел дури и во реално кратка временска рамка и додава дека за пронаоѓањето на соодветно решение ќе бидат потребни тешки одлуки и вистинска политичка храброст.

-Јас не го потценувам сето тоа, но ние мора да бидеме свесни дека таму има прозорец на можности кој политичарите на двете страни се одлучни да направат нешто во врска со тоа. Ние треба да се фокусираме на користа која ќе протече од тоа решение – додава Гарет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...