fbpx

Гарет: Случувањата во Собранието прават противуслуга на развојот на демократијата

-

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, денеска даде лоша оценка за случувањата во Собранието, каде веќе 12 дена се случуваат продолженија на конститутивната седница, со многу обвинувања и со бескрајни реплики и процедурални забелешки, со што седницата се завлекува. Тоа што се случува го поткопува кредибилитетот на Собранието, вели Гарет.

– Парламентот е јадрото на демократијата на Македонија. Сегашните случувања во Собранието на Македонија прават противуслуга за развојот на демократијата. Тие го поткопуваат кредибилитетот на институцијата, во Македонија и надвор од неа. Британија е долгогодишен поддржувач на Македонија. Нашето партнерство со Македонија ќе продолжи. Целосно функционален, транспарентен и одговорен парламент е срцевината на демократијата – порача амбасадорот.

Тој изјавата ја даде на промоцијата на првиот извештај од надзорот на работата на Собранието на Република Македонија, подготвен од граѓанската асоцијација „Мост“ во рамките на проектот „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“. Извештајот ја покрива работата на претходниот парламентарен состав од 1 јануари минатата година до неговото распуштање, на 17 октомври истата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...