fbpx

Гарет: Излезот од политичката криза е во владеењето на правото

-

Независно и ефикасно судство во заштита на правата и на слободите на граѓаните беше темата на конференцијата организирана од Мисијата на ОБСЕ и од Здружението на судии на Македонија, што се одржа денеска во Скопје, а по повод „Денот на судството“.

Околу 100 судии и високи судски претставници разменија мислења за важната улога на судството како гарант на владеењето на правото и на основните права на граѓаните.

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, рече дека независното и непристрасно судство е носечки столб и гарант за демократијата и за владеењето на правото.

Вангеловски рече дека не постои општество каде нема постојани обиди за мешање во судството, но ако „судиите се држат до законот и до моралот не постои начин да се влијае врз нив“.

– Обидите за притисок врз судиите не можат да се исклучат во ниту едно општество, но битна е издржливоста на судиите. Затоа треба да знаат дека законодавната и извршната власт се минливи, но судската власт е трајна и треба да суди непристрасно. Политиката е надмоќна во дефинирањето на правото, но судството е надмоќно во неговото спроведување – рече Вангеловски.

Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, истакна дека мисијата нашла добри партнери во судството во земјава, со кои заедно реализирале многу проекти од големо значење за зајакнувањето на институциите во земјава.

– Постојат уште многу предизвици, особено во врска со судската независност и непристрасност, како и со ефикасноста на судовите. Се надевам дека сите релевантни институции ќе ги засилат своите напори за да се соочат со предизвиците – рече Суомалаинен.

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, чија амбасада финансиски ги поддржа настаните организирани во Штип, Битола и во Скопје, а кои претходеа на денешната завршна конференција, истакна дека „владеењето на правото и концептите што ги штити, се централни во политичката дебата денес“.

– Тие се централни за Договорот од Пржино и за барањето одржлив излез од политичката криза. Во сите демократии, владеењето на правото е камен-темелник на кој се базираат слободата, праведноста, почитувањето, благосостојбата, сето она што навистина ни е потребно. Кога сè што правиме е изграденo врз тие темели, општеството ќе биде посилно, за граѓаните денес, како и за идните генерации – рече Гарет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...