fbpx

„Гардијан“: Матка помеѓу 10 најдобри кањони во Европа

-

Британски „Гардијан“ направи репортажа за 10 најубави европски кањони за пешачење и планирање, меѓу кои се најде и Матка.

„Посетителите на Скопје, кои можe да се изморат од кичестите, но пријатни нови споменици во градот може да се упатат кон езерото и кањонот Матка. Кањонот се наоѓа 15 километри југозападно од Скопје и нуди доволно активности за секој ентузијаст: пешачење, прошетки, кајакарство, спелеологија, историја, како и заебележување на птици и ретки видови пеперутки. Во клисурата се наоѓаат средновековни манастири со извонредни фрески, како и голем број пештери до кои може да се стигне со кајче. Од центарот на градот до Матка оди автобусот со бројот 60 и чини околу 40 денари, додека такси ќе ве чини пет фунти. Автобуската станица е на 15 миниутно пешачење од раскошното езеро Матка каде покрај водата има и ресторан. Ако не сте по пешачењето, можете со кајче да ја посетите пештерата Врело, која има неверојатни сталагмити и сѐ уште неутврдена подводна длабочина“, пишува „Гардијан“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...