fbpx

Габриел: Будењето на старите емоции е голема опасност за Македонија

-

Степенот на неизвесност, кој моментално го имаме и при кој повторно се будат старите емоции, е голема опасност. Затоа сакаме да се ангажираме за тоа, на целиот Западен Балкан, а особено во однос на актуелната ситуација во (ПЈР)Македонија, да се води грижа за да дојде до воспоставување на мирен и демократски соживот, порача министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, по вчерашната средба во Берлин со неговиот шпански колега Алфонсо Дастис.

Главната цел на средбата беше дискусија на двајцата шефови на дипломатија за Брексит, но Габриел се осврна на ситуацијата во Македонија и рече дека е неопходно час поскоро да се формира новата влада.

– За нас, исто така, заедничка е грижата за развојот на Западен Балкан, пред сè, на (ПЈР)Македонија. Сметам дека е потребно уште еднаш да се побара од македонскиот претседател и од парламентарните партии сега да овозможат формирање на влада и да ѝ стават крај на блокадата. Постои парламентарно мнозинство во Собранието, кое се оформи по изборите и врз основа на изборите – рече Габриел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...