fbpx

Г7: Санкциите ќе бидат тргнати кога Москва ќе го испочитува договорот

-

Санкциите на Западот кон Русија би можеле да бидат отстранети само кога Москва ќе го исполни договорот за прекин на огнот и ќе го испочитува суверенитетот на Украина, порачаа денеска министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) на состанокот во Лубек, град на северот на Германија.

„Г7 ја истакнува тесната поврзаност на целосната примена на спогодбата од Минск и меѓународните санкции“, се наведува во заедничкото соопштение на министрите, објавено на крајот на состанокот.

Во соопштението се укажува дека траењето на санкциите е поврзано со примената на договорот од Минск, кој е потпишан во февруари, како и со почитувањето на суверенитетот на Украина.

Министрите ги поздравија Украина и Русија поради „преземањето на првиот чекор“ кон примена на спогодбата за прекин на огнот, но укажаа дека по тоа прашање е „неопходен значаен и брз напредок“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...