fbpx

ФРОДЕМ: Роденденската забава на ВМРО-ДПМНЕ, скапа парада на лажна сигурност

-

„Вчера, на фамилијарна роденденска забава, по којзнае кој пат се изнаслушавме лажни зборови, измислици и самофалби. По кознае кој пат слушнавме за внатрешни и за надворешни непријатели, како и инфантилни пораки и блефови. Тоа беше скапа парада на лажна сигурност. Видовме, како купче персони, кои ја украдоа Македонија и ја приватизираа ВМРО-ДПМНЕ непречено продаваат магла, па дури и се закануваат“, порачува ФРОДЕМ во реакција на вчерашната прослава на 27. роденден на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од друга страна, десетици илјадници луѓе по најразлични основи, од неразјаснети случаи, преку тешки монтирани прогонства, па сè до брутални бизнис-преземања, рекетирања, малтретирања и бркања од работа, секојдневно очекуваат да се почне со реална примена на Кривичниот закон. Затоа, ФРОДЕМ ја повикува новата власт без никакви задкулисни калкулации веднаш да пристапи кон враќање на поредокот и на правдата и кон конечното декриминализирање на Македонија“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...