fbpx

„Фридом хаус“: Од делумно слободна, Македонија стана неслободна земја

-

Според најновиот извештај на „Фридом хаус“ за слободата на медиумите, статусот на Македонија од „делумно слободна“ се намали на „неслободна“ земја поради откривањето на нелегалното владино прислушување новинари, корупцијата меѓу функционерите и сопствениците на медиуми, како и зголемувањето на заканите и на нападите врз медиумските работници.

„Македонската медиумска сцена е длабоко политички поларизирана. Автоцензурата кај новинарите е честа појава, пред сè поради притисокот од сопствениците на медиумите со одредени деловни или политички интереси. Новинарите се слабо платени и се соочуваат со закани и со малтретирање доколку се ангажираат во истражувачкото или критичко известување. Законот за отворен пристап до информации од јавен карактер се спроведува нерамномерно и селективно, а владините функционери ги одложуваат одговорите и ги избегнуваат независните или критичките медиуми“, се вели во извештајот.

„Фридом хаус“ оценува дека Македонската асоцијација на новинари (МАН) е поврзана со власта, додека ЗНМ е повеќе наклонета кон опозицијата.

padot na slobodata na mediumite

Според извештајот, најголем дел од приватните медиуми се поврзани со политички или бизнис-интереси кои влијаат на нивната содржина, а државните медиуми имаат тенденција за поддршка на владините позиции.

„Јавниот радиодифузен сервис, „Македонската радио-телевизија“ (МРТ), го игнорираше скандалот со прислушувањето, а снимките што се појавија го откриваат директното владино влијание врз известувањето на радиодифузерот. Македонија има голем број на електронски и печатени медиуми за нејзиното населението, но провладините медиуми, вклучувајќи го и јавниот дифузер МРТ и неколку приватни телевизии и весници, имаат доминантна позиција на пазарот“, оценува „Фридом хаус“.

Извештајот покажува дека новинарите се соочуваат со ниски плати, недостиг од безбедност на работното место, како и со лоши услови за работа, што ги прави повеќе ранливи на притисок од сопствениците.

Индексот на слободата на медиумите е годишно истражување на невладината „Фрдиом хаус“ за независноста на медиумите, кое го оценува степенот на слободата на печатот, емитувањето и слободата на интернетот низ целиот свет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...