fbpx

„Фридом хаус“: Демократијата во Србија на најниско ниво од 2005 година

-

Степенот на демократскиот развој на Србија падна на најниско ниво од 2005 година, и покрај напредокот во процесот на европските интеграции, се оценува во најновиот извештај за Србија на организацијата „Фридом хаус“.

„Во текот на 2016 година, демократијата во Србија дополнително се влоши, продолжувајќи го негативниот тренд од претходните две години. Додека некои подобрувања беа видливи во некои области поврзани со пристапувањето кон Европската Унија, тие се поништени од негативните случувања во изборниот процес, демократското владеење и слободата на медиумите. Како резултат, оценката на демократијата во Србија падна на најниско ниво од 2005 година“, се вели во извештајот.

Збирната оценка на демократскиот развој на Србија во текот на минатата година е влошена, од 3,75 на 3,82, на скалата од еден до седум каде седумката е најмал степен на демократски напредок. Србија остана во категоријата полуконсолидирани демократии, заедно со Хрватска, Црна Гора, Унгарија, Романија и Бугарија.

За Македонија во годишниот извештај на „Фридом хаус“ се вели дека е на најниско демократско ниво од 2001 година и во резимето на извештајот за 29 земји е одбележана како „лидер“ на Балканот според падот на нејзините индекси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...