fbpx

Францускиот амбасадор Тимоние утре ќе ја посети компанијата „Завар“

-

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние утре ќе ја посети компанијата „Завар“, при што ќе се сретне со косопственичката на оваа компанија, Марта Наумовска-Грнарова, како и со претставнички на македонската мрежа на ментори, млади жени претприемачи, креатори на проекти со кои се присуттни на регионално, европско и на глобално ниво.

Посетата е во рамките на активностите на амбасадата по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

– Амбасадата на Република Франција повеќе години наназад ја промовира еднаквоста помеѓу жените и мажите во општествениот и во политичкиот живот. Борбата против сите форми на дискриминација врз жените е од суштинско значење за хармоничен развој на општеството во целина. Стереотипите ја попречуваат целосната еднаквост меѓу жените и мажите. Затоа, на Меѓународниот ден на правата на жените, кој се празнува на 8 Mарт, ќе се потсетиме дека е потребно секојдневно да се грижиме за една вистинска рамноправност, толку потребна во ова наше време – се вели во соопштението на амбасадата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...