fbpx

Француската полиција сè уште трага по девојката на терористот Кулибали

-

Француската полиција сè уште трага по Хајат Бумедијен поради учество во престрелката во Монруж, во која беше убиена една полицајка.

Парискиот весник „Паризиен“ јавува дека Бумедијен не е меѓу лицата што се убиени или ранети во вчерашните заложнички драми во Париз.

Безбедносните служби на Франција, вчера, околу 17 часот, ја завршија потерата по терористите, браќата Саид и Шариф Кауши, како и Амеди Кулибали. Тројцата биле припадници на иста џихадистичка група.
Како што јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на полициски извори од истрагата, четворицата заложници, кои по крајот на полициската акција беа пронајдени мртви во супермаркет, биле најверојатно убиени уште при почетокот на заложничката драма.

Крајниот биланс од терористичкиот акт, кој почна во средата со масакрот во парискиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, е 17 загинати, тројца убиени џихадисти и повеќе повредени цивили и припадници на силите на редот.

Франција денеска одлучи дека и понатаму останува на истото ниво на антитерористичкиот план, кој ќе биде и зајакнат.

Министерот за внатрешни работи, Бернар Казенев, соопшти дека планот „Вижипират“ останува на највисокото ниво во Париз и во парискиот регион и оти ќе биде зајакнат насекаде.

Француското министерство за внатрешни работи ангажираше дополнителни 320 припадници на армијата за да се обезбедуваат државните и јавните институции, верски објекти, образовни инстируции и медиуми.

Официјален Париз најави засилени безбедносни мерки за време на утрешниот „републикански марш“, посветен на загинатите во неделниве терористички акти. На маршот, покрај претседателот Франсоа Оланд, ќе присуствуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Шпанија, Мариано Рахој, италијанскиот премиер, Матео Ренци, премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, како и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...