fbpx

Француската десница избира претседателски кандидат

-

Во Франција денеска ќе биде одржан вториот круг на партиските избори на опозициската десница која ќе го избира својот кандидат за претседателските избори.

Фаворит е поранешниот премиер на Франција, Франсоа Фијон, кој се надева дека ќе го победи противникот Ален Жипе и така ќе влезе во трката за претседателските избори во 2017 година.

Заради непопуларната левица, аналитичарите предвидуваат дека на претседателските избори главен противник на Фијон ќе биде кандидатката на екстремната десница, Марин Ле Пен.

– Сите Французи знаат дека изборите в недела ќе бидат, всушност, како првиот круг на претседателските избори – изјави Ален Жипе.

Анкетите покажуваат дека Фијон би можел да освои околу 57 отсто од гласовите, а Жипе околу 40 отсто.

Фијон (62) кого го сметаа за аутсајдер во изборната трка, го изненади јавното мислење во првиот круг на партиските избори кога освои 44 отсто од гласовите.

Жипе (71) доби 28 отсто од гласвите, далеку помалку од резултатите на анкетите според кои беше фаворит на десницата.

Третиот кандидат на десницата, поранешниот претседател Никола Саркози, кој испадна од трката, го призна поразот во првиот круг и ги повика своите приврзаници да гласаат за Фијон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...