fbpx

Франција ќе ја одликува Шекеринска со орден за заслуги

-

Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде одликувана со орден „Командант на Националниот ред за заслуги на Франција“. Високото одликување во име на претседателот на Франција, на министерката Шекеринска ќе и биде врачено од министерката Женевјев Дариесек, државен секретар на Вооружените сили на Франција, утревечер, на прием во резиденцијата на Франција во Скопје.

Орденот „Командант на Националниот ред за заслуги на Франција“ се доделува за истакнати граѓански заслуги, а воспоставен е во 1963 година од Генералот Де Гол.

Шекеринска го добива ова признание поради нејзиниот особен придонес кон развојот на односите меѓу Македонија и Франција, како и поради нејзината посветеност на промовирањето на европските граѓански вредности во Македонија.

„Одликувањето е признание за талентот, вредностите и исклучителната храброст на министерката Шекеринска“, потенцираат од амбасадата на Франција, и потсетуваат дека за време на мандатот на Шекеринска како заменик на претседателот на владата задолжен за европски интеграции, во 2005-та, Македонија од Европскиот совет го доби статусот земја – кандидат за членство во ЕУ, што претставуваше голем чекор за Македонија и позитивен сигнал за другите земји од југоисточна Европа.

„Ова одликување за мене е голема чест и мотив да продолжам по патот кој го одбрав – да и служам на мојата земја со сиот личен и професионален капацитет, сето свое знаење и енергија да ги употребам во борбата за она во што верувам – слобода, демократија, еднаквост, правда, напредок. Мојата цел е да придонесам колку што можам во зацврствувањето на европските вредности во мојата држава, Република Македонија, како рамноправна членка на НАТО и ЕУ, во име и за подобар живот на граѓаните. Припаѓам на влада која ја врати земјата на европската и евроатлантската патека, ве уверувам дека патот на интеграцијата успешно ќе го изодиме“, рече министерката во пресрет на свеченоста на одликувањето.

Шекеринска е прв политичар од Македонија што од Република Франција добива признание од овој ранг.

Орденот Командант на Националниот ред за заслуги на Франција на министерката Шекеринска ќе и биде врачен утревечер во 20 часот, на прием организиран во нејзина чест во резиденцијата на Франција во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...