fbpx

Франција и Германија бараат да се најде мировно решение за Сирија со помош на ОН

-

Франција и Германија ќе продолжат со напорите со посредство на Обединетите нации да се најде мировно решение за кризата во Сирија, изјави денеска францускиот претседател, Франсоа Оланд, по телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.

Изјавата доаѓа откако САД рано утринава, по наредба на претседателот Доналд Трамп, извршија воздушен напад на сириска воена воздухопловна база во Сирија, користејќи кростосувачки ракети, како одговор на хемискиот напад врз цивили, за кој САД го обвинија режимот на сирискиот претседател Башар ал Ассад.

– Асад има целосна одговорност за ваквиот развој на ситуацијата – стои во изјавата на Оланд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...