fbpx

Франгов со писмо до Жбогар и Јанакакис бара деблокирање на Евзони

-

Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов денеска испратил писмо до амбасадорите на Европската Унија и на Грција во земјава, Самуел Жбогар и Димитрис Јанакакис со барање за помош за деблокирање на македонско-грчката граница.

Тој во писмото бара од Жбогар и Јанакакис, но и од сите останати амбасадори во Македонија, во рамките на своите можности да помогнат во деблокирањето на Евзони и нормализирање на сообраќајот.

Според градоначалникот на Гевгелија, нормализирањето на ситуацијата на преминот Евзони, кој е бликиран поради штрајкот на грчките земјоделци, е од интерес на граѓаните, бизнис заедницата и локалните власти во пограничните општини бидејќи и двете страни трпат огромни штети од блокадите.

Франгов во писмото забележува дека е симптоматично тоа што блокадата е поставена само на границата со Македонија, а не и кон другите соседни земји на Грција.

Тој нагласува дека во изминатите години општина Гевгелија реализирала повеќе проекти и активности со пограничните општини во Грција преку ИПА програмата на Европската Унија и преку непосредни контакти со локалните власти и дека токму поради ова граѓаните и претставниците на бизнис заедницата од двете страни реагираат на повеќедневната блокада на граничниот премин Евзони, која го оневозможува протокот на патници и возила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...