This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Nov 25 8:00:00 2017 / +0000 GMT

„Фрајле“ и 1.500 василичари ќе ги забавуваат посетителите на Вевчанскиот карневал




Околу 1.500 василичари ќе учествуваат на годинешниот Вевчански карневал, на кој главна атракција ќе биде женскиот бенд од Нови Сад „Фрајле“, соопшти денеска на прес-конференција во Скопје градоначалникот на Општина Вевчани, Цветомир Угриновски.

Според програмата на карневалот, од домашната сцена ќе настапат дуото „ДНК“ и групата „Нокаут“, додека од фолк-сцената, посетителите и туристите ќе ги забавуваат Анета Наковска и Ефто Пупиновски.

Градоначалникот Угриновски потсети дека документите сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2.200 години.

– Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но, сепак, во последните години во организација на Општината и на Министерството за култура, се воведува ред во овој инаку хаотичен вонвременски настан - истакна Угриновски.

На презентацијата на програмата присуствуваше заменик-министерот за култура, Драган Недељковиќ.

Годинава, музичката и промоциска продукција „Пасворд“ е организатор на музичкиот и на забавниот дел на карневалот. Музичкиот дел почнува на 12 јануари, од 21 часот.

На 13 јануари во 13 часот е традиционалното дефиле на маските, кое ќе трае цело попладне, а потоа ќе следи вториот музички ден.

Вевчанскиот карневал завршува на 14 јануари со традиционалното палење на маските.

Post date: 2017-01-04 14:40:43
Post date GMT: 2017-01-04 13:40:43
Post modified date: 2017-01-04 14:40:43
Post modified date GMT: 2017-01-04 13:40:43

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com

</