fbpx

(ФОТО) Маските запалени: Заврши Вевчанскиот карневал, традиција долга 14 века

-

Традиционалното Василичарско оро и ритуалното палење на маските, во Вевчани го означија крајот на уште едно издание на Вевчанскиот василичарски карневал, најстарата карневалска манифестација во земјава, со траење од 14 века.

Министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска, за карневалот вели дека е место на собирање на сите добронамерници со карневалски дух од целиот свет.

– Вевчани е престолнина на македонската гостопримливост, Вевчани е дел од нашата богата македонска изворна традиција, која сите ние љубоморно и грижливо ја негуваме и ја пренесуваме на секоја нова генерација – напомена Канческа-Милевска.

Годинешното карневалско издание, покрај традиционалните маски – ѓаволите, Глупавиот Август, зетовите и невестите, ги прокоментира и најзначајните случувања во земјата и во светот: од нашата баба Рада, индискиот бизнисмен Субрата Рој и „шефот на светот“, Барак Обама, до најновите состојби со снегот и со „ефикасноста“ на „Македонија пат“, еболата, здравата храна, студентските протсети и други настани актуелни изминатава година. Во карневалската пародија беше одбележан и масакарот во Париз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...