fbpx

Форум за демократска Македонија ќе ја поврзува дијаспората и ќе помага на земјата

-

Иселеници пред околку еден месец го формирале Форумот за демократска Македонија, „како демократско и непартиско тело“ кое треба да ги поврзе сите демократски ориентирани иселеници, но и луѓе кои по каква било основа се чувствуваат поврзани со Република Македонија, објаснува Емилија Тодорова од Сиднеј за програмата на македонски јазик на австралиското радио „Си-би-ес“.

– Форумот за демократска Македонија се формира пред приближно еден месец, за да ги поврзе и да им даде глас на сите демократски, непартиски ориентирани иселеници од Република Македонија. Идејата на форумот е да придонесе кон развивањето и унапредувањето на демократските процеси во Македонија. Ние тоа го гледаме преку зајакнувањето на човековите права и слободи, преку отчетност на владата и институциите, владеење на правото и јасна одделеност на извршната, судската и на законодавната моќ. Исто така се залагаме да се негува и да се промовира културното наследство на Македонија, но и достигнувањата на нејзината иселеничка заедница. Да се поддржува интегрирањето на земјата во евроатлантските структури, да се поддржуваат односите меѓу Македонија и нејзините соседи да се засилуваат економските социјални и културните врски меѓу иселеничката заедница земјите во кои живеат иселениците – објаснува Тодорова.

Форумот сака да ја види земјата како прогресивна, демократска, граѓанска, европска, просперитетна држава, која ќе создава подобар живот за сите свои граѓани. Држава што ќе биде пример за мултииетничко општество, засновано на заемна почит, толеранција и разбирање, каде владата ќе работи за доброто на сите граѓани, а не за лични интереси, појаснува таа.

– Фокусот е на тоа што како иселеници може да направиме да помогнеме на Македонија. Има инженери, ИТ, научници, новинари, унвиерзитетски професори, музичари, архитекти, вработени во јавна админситрација, волни своето искуство да ги стават во функција на целите на форумот – објаснува Тодорова, напоменувајќи дека наскоро ќе биде објавена и програмата на форумот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...